fbpx

Реакција на Град Скопје на прес-конференцијата на СДСМ

-

Градот Скопје реагира на изјавата на советникот од редовите на СДСМ, Дамјан Манчевски, дадена по повод донесениот буџет на Град Скопје за 2015 година, на 25. седница на Советот на Град Скопје.

„Прво, би сакале да го демантираме господинот Манчевски, кој во својата изјава тврдеше дека градоначалникот Трајановски не присуствувал на оваа расправа. Тоа не е точно, градоначалникот Трајановски присуствуваше на расправата по повод оваа точка, се обрати пред Советот и даде образложение за истата, нешто за што сведочеа сите присутни советници и медиумите. Второ, господинот Манчевски тврди дека овој буџет е против интересите на граѓаните на Скопје, што не е вистина. Градот Скопје изминативе години сите буџети и програми ги прави заедно со граѓаните, во насока на решавање на сите проблеми со кои тие се соочуваат. На отворен и транспарентен начин, изминативе триесетина дена, градоначалникот Трајановски со претставници на администрацијата и на јавните претпријатија, ги посети сите десет општини, каде одржа средби со градоначалниците, претставниците на општинските администрации, со граѓаните и со претставниците од урбаните и од месните заедници. На овие средби се дискутираше за потребите на граѓаните на Скопје и голем број од нивните предлози се вметнати во буџетот и во програмите за работа на Градот Скопје и на јавните претпријатија“, се вели во соопштението од Град Скопје.

Буџетот на Град Скопје за 2015 година, како што се вели во соопштението, е балансиран буџет и во него се предвидени голем број капитални и инфраструктурни објекти, кои се во насока на подобрување на животниот стандард и на квалитетот на живот на населението.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

АСО смета дека поскапувањето на полисите за автомобилско осигурување не е оправдано, бара ограничување на цените

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) соопшти дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании. Од таму велат дека по добиени известувања...