Пуштено спортско игралиште во Аеродром

-

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, го пуштија во употреба  новото повеќенаменско спортско игралиште наменето за граѓаните на реонскиот центар Аеродром.

Ова е дел од проектот „100 повеќенаменски игралишта“ како инвестиција на Владата на Република Македонија.

На игралиштето ќе може да се игра ракомет, фудбал и кошарка. Вкупната површина на повеќенаменското игралиште, заедно со обиколната патека, изнесува 1.300 квадратни метри и содржи два гола за мал фудбал и ракомет, како и четири коша.

Исто така, предвиден е паркиралиште за околу 20 возила, а дворот на училиштето е партерно уреден со пешачки патеки, клупи за седење и со канти за отпадоци, како и тревници, цвеќиња и друг вид хортикултурно уредување поврзано со автоматски систем за наводнување.

Мета факт: Не е прв пат во последните 7 години просечната плата да има пад на месечно ниво

Поранешната министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска и сегашна пратеничка на Социјал-демократскиот сојуз на Македонија во изјава за медиумите посочи оти „за прв пат после седум години...