fbpx

Незири: Регионот е подготвен да исчекори напред и да ја подобри економската интеграција

-

Политики за промоција и за привлекување на инвестиции во државите-потписнички на ЦЕФТА и во регионот како целина, зголемување на потенцијалот за развој и промоција на синџири на вредности во индустриите од регионален интерес, како и зајакнување и координација на регионалните напори за олеснување на трговијата во согласност со меѓународните стандарди и принципи, беа темите на кои се дискутираше на неделата на ЦЕФТА  2014, во рамки на претседателството на Република Македонија.

Посебен акцент беше ставен на презентацијата на најактуелните трговски прашања, идентификувани од страна на бизнис-заедницата во регионот, кои беа предмет на посебна сесија на Форумот на стопанските комори на државите-потписнички на ЦЕФТА.

На неделата на ЦЕФТА, која ја отвори министерот за економија Беким Незири, учествуваа сите релевантни меѓународни и донаторски организации во Република Македонија и во регионот, кои ги презентираа нивните проекти и иницијативи насочени кон зајакнување на резултатите на државите-потписнички на ЦЕФТА во областите поврзани со надворешно-трговската размена и со инвестициите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...