Поплави во Кумановско, се излеале три реки

-

Три реки на територијата на општина Куманово се излеале, по обилните врнежи вчера и денеска наутро и поплавиле куќи, фарми, паркиралишта и пешачки патеки, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.

– На територија на општина Куманово има излевање на Липковска Река, кај локалитетот „Водовод“, каде што се поплавени дел од паркиралиште со возила и пешачки патеки што служат за пристап до станбените објекти. Исто така, поплавена е фарма, но засега не може да се дејствува бидејки сопственикот на истата е недостапен. Липковска Река е излеана и во населбата Средорек, каде што се поплавени две куќи – велат од ДЗС.

Излевање има и на Коњарска Река и поплавени се 15 куќи, а кај селото Долно Којнаре поплавени се земјоделски површини.

Кумановска Река е излеана кај селото Доброшане, при што е поплавена една куќа.

– Кај селото Лопате – Ропаљски Дол, има излевање на реката Луга, при што се поплавени две штали и трактор – соопштуваат од Дирекцијата.

Екипи на ДЗС се на терен, и како што информираат оттаму, досега биле дадени повеќе од 1.000 вреќи за песок, за поставување на одбранбени насипи кај Средорек, локалитетот „Водовод“ и на сите места каде ќе се јави потреба.

– Екипи на ДЗС и на ЈП „Водовод“- Куманово се на терен, ја следат состојбата, донесен е песок и една машина која ќе биде употребена за санирање на оние места каде е неопходно – велат од ДЗС.

ЗНМ и СЕММ: Meдиумите да објавуваат проверени информации

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) изразуваат длабоко жалење до семејствата на жртвите и до настраданите во трагичниот пожар што се случи...

Најтешко повредените од пожарот ќе се транспортираат во болници во странство

Најтешко повредените лица од синоќешниот пожар во дискотека во Кочани ќе се транспортираат на лекување во странство. Како што информираше министерот за здравство Арбер Таравари, пациенти ќе бидат транспортирани во Бугарија,...

МНТ ги откажа сите настани до 22 март

Македонскиот народен театар ги откажа сите настани во периодот од утре до 22 март, по огромната трагедија во која загинаа 59 лица во пожар во дискотека во Кочани. Од МНТ информираат дека...

Пораки за сочувство и понуди за помош од соседите и од ЕУ

Европската унија, Србија, Грција, Бугарија, Албанија, изразија длабоко сочувство и понудија помош во справувањето со тешката трагедија во која рано утрото на 16 март животот го изгубија 59 лица, главно млади...