Пуштен во употреба новиот плоштад во Охрид

-

Синоќа во Охрид, свечено беше предаден во употреба новиот плоштад кој е изграден во близина на музичкото училиште „Методи Патчев“.

Вкусно уреден, со бројни содржини и со зеленило, новиот плоштад е изграден на површина од околу 1.000 квадратни метри. На плоштадот има две фонтани, осветлување со стилски канделабри и мал амфитеатар со стотина седишта, кој во иднина, покрај за одмор на населението и на туристите, може да се користи како место за одржување културно-забавни манифестации.

Изградбата на плоштадот чинеше 8,6 милиони денари. Градежните работи ги изведуваа општинските јавни претпријатија, додека фонтаните – охридската фирма „Еуро стил“. Централната фонтана е украсена со мозаик изработен од локалниот уметник Никола Упевче.

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, обраќајќи им се на присутните на свеченоста, напомена дека плоштадот се отвора спроти Денот на независноста на Република Македонија и ќе биде катче за релаксација и собиралиште на охриѓани.

– За повозрасните охриѓани овој простор беше познат како Дуборезачка. Помладите генерации го препознаваат како Мини-маркет. Им оставаме на граѓаните да го именуваат според свое видување – рече Бакрачески.

Просторот е облагороден и со мозаик, аплициран на големата фонтана, дело на ликовниот уметник Никола Упевче.

– Мозаикот претставува реконструкција на антропоморфните претстави за четирите рајски реки од ранохристијанската базилика на Плаошник, која датира од 5-6 век. Мозаикот е работен според оригиналните зачувани портрети, а четвртиот, кој недостига, реката Тигар, е вметнат на начин што ја дополни сликата, бидејќи ова е единствен ваков портрет во државата –вели уметникот Упевче.

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите на семејството...

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За издавање на...

Велешани им оддадоа почит на жртвите во Кочани

„Тагата е уште потешка кога знаеме дека не е судбина, туку последица на корупција“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме жртвите?“, „Одеднаш тишината стана посилна од секој врисок“, беа...

Манев: Палевски треба да го прашате зошто ги уби Вања и Панче

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети и истакна дека...

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите...