fbpx

Република Македонија слави 24 години независност

-

По повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, собраниска делегација предводена од Силвана Бонева, во состав Светлана Јакимовска, Авдија Пепиќ и Соња Мираковска, денеска ќе положи цвеќе на споменикот „Паднати херои за Македонија“ во паркот „Жена-борец“.

За државната награда, која оваа година ќе се додели четврти пат, а е поделена во две категории – за животно дело и признание за остварувања во областа на спортот – пријавени се 11 кандидати.

Еден од пријавените ќе ја добие награда за животно дело, а на четворица ќе им бидат доделени признанија.

За наградата за животно дело, конкурирале Венцислав Недев, Владимир Радиќ, Лазар Лечиќ и Петар Алексовски, додека за признание за остварувања во областа на спортот, конкурирале, Љупчо Стојчевски, Руждија Калач, Кирил Манев, Здравко Дејановиќ, Димче Кичевски, Ристо Магдинчев и Сашо Поповски.

Свеченото доделување и соопштување на носителите на државната награда за спорт ќе се одржи денеска во Собранието на Република Македонија.

Република Македонија денеска одбележува 24 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.

Убедливо мнозинство, повеќе од 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот во 1991 година, позитивно одговорија на прашањето „Дали сте за независна, самостојна и суверена држава“.

На референдумот му претходеше Декларација за независност која Собранието ја усвои на 25 јануари 1991 година.

Формално, волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на резултатите од референдумот на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...