среда, 12 август, 2026
Meta.mk

Ознака: плоштад | 25 резултати

Ракометарите на „Вардар“ пристигнаа на плоштадот Македонија, славењето почна

јуни 6, 2017

Десетици илјади граѓани денеска се собраа на плоштадот Македонија во Скопје, каде ги пречекаа европските шампиони во ракомет, ракометарите на „Вардар“. Час и половина ечеа навивачки и патриотски песни, а се вееја знамињата на ракометниот клуб „Вардар“, на Македонија и со сонцето на Вергина. Ракометарите пристигнаа во 13.45 часот со двокатен автобус во боите на клубот. […]

Камион пропадна во фонтаната на плоштадот Македонија

јуни 6, 2017

Додека течат подготовките за пречек на ракометарите на „Вардар“ на плоштадот Македонија, камион пропадна во т.н. сува фонтана. Засега не е познато како се случил овој инцидент, ниту во чија сопственост е камионот. Таканаречената сува фонтана во употреба беше пуштена пред помалку од две години, а Градот Скопје и тогашната Влада за неа потрошија 2,5 […]

На плоштадот Македонија се подготвува пречек на ракометарите на „Вардар“

јуни 6, 2017

На плоштадот Македонија се подготвува пречекот на ракометарите на РК „Вардар“, кои таму треба да пристигнат во 13 часот. Сцената, на која ќе се одвива предвидената програма, е поставена во близина на Камени мост. Ракометарите на „Вардар“, кои ја освоија европската шампионска титула, се очекува да слетаат на аеродромот „Александар Велики“ во 11.15 часот, од каде […]

Градот Скопје постави осум патоказни табли за туристите

мај 19, 2017

Градот Скопје постави осум патоказни табли, на осум локации во центарот на градот, за промоција на културно-историските објекти и за полесна ориентација на граѓаните и на туристите. Како дел од проектот „Поставување туристички патоказни табли“, поставени се осум столба со три патоказни табли, кои ќе им послужат на посетителите и на граѓаните лесно да се ориентираат […]

Кривични пријави за групата што го симна македонското знаме во Куманово

април 4, 2017

Против групата што во петокот попладнето го симна македонското знаме на плоштадот во Куманово и горе го закачи албанското, полицијата поднела кривични пријави. Л.К. (21) и 17-годишно лице, двајцата од селото Слупчане, и две засега непознати лица, добија кривични пријави за предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост и за напад врз службено […]

На градскиот плоштад во Прилеп почна новогодишната прослава

декември 31, 2016

Со новогодишна програма за најмладите, почна новогодишниот дочек на градскиот плоштад во Прилеп. Децата ги забавуваа „Јунаците од бајките“ од народниот театар „Војдан Чернодрински“ и музичката група „Нокаут“. Вечерниот новогодишен дочек на плоштадот Методија Андонов Ченто е предвидено да почне во 22.30 часот, со настапот на групите „Белинда“ и „Шило“, а по предвидениот огномет на полноќ […]

По Велес и Скопје, и Кавадарци го откажа организираниот дочек на Нова година

декември 26, 2016

Кавадарци го откажа дочекот на Нова година на градскиот плоштад, така што по Велес и Скопје, ова е трет град во земјава што го откажува организираниот новогодишен дочек. Финансиските средства кои биле предвидени (околу 5.000 евра) ќе бидат донирани во хуманитарни цели. – На наредната седница, Советот на Општината треба да одлучи за која хуманитарна намена ќе бидат […]

И Скопје ќе ги донира средствата планирани за дочек на Нова година

декември 22, 2016

Градот Скопје се откажува од дочекот на Нова година што требаше да се одржи на плоштадот Македонија. Со оваа одлука, по Велес, Скопје е втор град во земјава што се откажува од прослава на Нова година. – Средствата што беа планирани за организирање на дочекот и се во износ од околу 2 милиона денари, ќе ги […]

Плоштадот Македонија експресно исчистен од црвената боја на „Шарената револуција“

јуни 7, 2016

Плоштадот Македонија во центарот на Скопје утринава беше целосно исчистен од црвената боја со која „Шарената револуција“ на вчерашниот протест го обои местото каде што пред точно пет години беше убиен Мартин Нешковски, за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ. По завршувањето на вчерашниот протест, освен екипите на Град Скопје, плоштадот го чистеa и […]

Во демонстрациите во Косово повредени се 21 полицаец и еден новинар

февруари 27, 2016

Еден новинар и 21 полицаец се повредени за време на насилните демонстрации во Приштина, соопшти полицијата во Косово, а пренесе новинската агенција „Танјуг“. Како што соопштија од полицијата, демонстрантите кои носеле фантомки на глава, ги почнале нередите нешто пред 17 часот кога со молотови коктели, шишиња со боја и со камења почнале да фрлаат во […]

Штип побара од ЈП „Исар“ да ги избрише „недоличните“ графити „Збогум Никола“

јануари 12, 2016

Графити со содржина „Збогум Никола“, „Оставка“, „Каков крај“, „Грујо оди си“ ја кренаа на нозе Општина Штип. Новинарите со телефонски пораки беа повикани да дојдат на градскиот плоштад и земат изјава од општинскиот портпарол. За Општината ова се недолични политички графити, а ѕидовите, според портпаролот Драган Ристов, не се место каде се прави политички дијалог и […]

Општина Центар ќе забрани изградба на објекти на и околу плоштадот Македонија

октомври 6, 2015

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска на прес-конференција на кејот 13 Ноември ветија дека Општина Центар ќе донесе одлука со која ќе се забрани изградба на какви било објекти на и околу плоштадот Македонија. И Заев и Жерновски рекоа дека оваа одлука не е никаков ревашнизам или политичка одлука, […]

Пуштен во употреба новиот плоштад во Охрид

септември 8, 2015

Синоќа во Охрид, свечено беше предаден во употреба новиот плоштад кој е изграден во близина на музичкото училиште „Методи Патчев“. Вкусно уреден, со бројни содржини и со зеленило, новиот плоштад е изграден на површина од околу 1.000 квадратни метри. На плоштадот има две фонтани, осветлување со стилски канделабри и мал амфитеатар со стотина седишта, кој […]

На плоштадот Македонија се поставуваат канделабри

септември 4, 2015

Плоштадот Македонија го добива финалниот изглед, па во таа насока попладнево на партерот се поставуваат канделабри. Минатиот месец, официјално беше пуштена во употреба новата, површинска фонтана на просторот меѓу фонтаната „Воин на коњ“ и влезот на Камениот мост. Проектот за изградба на површинската фонтана и за реконструкција на партерот на плоштадот Македонија е на Јавното претпријатие за […]

Четвртиот плоштад во Охрид со мотиви од четирите рајски реки

септември 2, 2015

Вечерва од 20 часот, со пригодна свеченост, ќе биде пуштен во употреба новиот плоштад кај основното музичко училиште „Методи Патче“ во Охрид. Станува збор за ново, вкусно уредено катче, кое ќе го претставува четвртиот плоштад во Охрид. Неодамна, по пуштањето во употреба на централниот, кај ресторанот „Летница“, и на вториот по големина, кај старото дрво Чинар, […]

Правоаголната фонтана на плоштадот, пуштена во употреба

јуни 15, 2015

Правоаголната фонтаната на плоштадот Македонија денеска беше пуштена во употреба. Фонтаната е со димензии 20 на 10 метри и со вкопано армирано бетонско корито. Површината врз коритото е изработена од светлосиви гранитни плочи со димензии 60 на 60 сантиметри и со дебелина од 10 сантиметри. На плочите од фонтаната се поставени ЛЕД-светилки со отвори за вградување млазник. Фонтаната […]

Скопскиот плоштад ќе светне и ќе прсне со 128 светилки и млазници

јуни 9, 2015

Новиот лик на скопскиот плоштад е готов, а тарабите со кои беше ограден деновиве почнаа да се отстрануваат. Наскоро треба и свечено да биде промовиран. Според планираното, на плоштадот Македонија е изградена фонтана во правоаголна форма, со димензии 20 на 10 метри и со вкопано армирано бетонско корито. Површината врз коритото треба да биде изработена од светлосиви гранитни […]

Донаторска конференција за црквата „Свети Константин и Елена“

декември 9, 2014

Во хотелот „Александар палас“, денеска ќе се одржи донаторската конференција за изградба на црквата „Свети Константин и Елена“, во организација на Македонската православна црква-ОА и фондацијата „Св. Цар Константин“. Темелите на црквата беа осветени пред две години на нова локација на улицата Македонија во центарот на Скопје. Црквата првпат била изградена во 1927 година на плоштадот […]

ВМРО-ДПМНЕ: Плоштадот е јавна површина, не сопственост на партии

ноември 11, 2014

„Плоштадот кој треба да се изгради не е сопственост на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ или на која било друга партија. Станува збор за јавна површина која ја користат граѓаните“, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ. На истиот тој плоштад, се посочува, се наоѓаат и просториите на општинската организација […]

СДСМ: Трајановски да изгради водовод наместо плоштад на ВМРО-ДПМНЕ

ноември 11, 2014

Наместо уредување на околината на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, еден милион и 377 илјади евра да се пренаменат за изградба на водовод во општината Шуто Оризари и да се воведе секојдневен бесплатен јавен превоз за студентите, предлагаат советниците на СДСМ од Град Скопје. – Недозволиво е некои од граѓаните на Скопје да немаат пристап до чиста […]

Страна 1 од 2