fbpx

Протести во Франција по убиството на 17-годишно момче од полицијата

Протестантите запалија возила и општински згради и фрлаа пиротехнички средства врз полицијата во градовите и предградијата околу Париз, а нереди се регистрирани и во Тулуз, Лион и други делови од северна и југозападна Франција

-

Над 150 лица се уапсени на вчерашните протести против полициската бруталност во Франција, при што тамошното Министерство за внатрешни работи тврди дека тие прераснале во насилство со напади и уништување на општински згради, школи и полициски станици, јавува Гардијан. Причина за протестите е убиството на 17 годишно момче од страна на полициски службеници при рутинска сообраќајна контрола.

Протестантите запалија возила и општински згради и фрлаа пиротехнички средства врз полицијата во градовите и предградијата околу Париз, а нереди се регистрирани и во Тулуз, Лион и други делови од северна и југозападна Франција.

Францускиот претседател Емануел Макрон го опиша убиството на момчето како необјасниво и неоправдано, при што еден полицаец се наоѓа под истрага за убиството.

Полициски службеник пукал во возилото кое било управувано од 17-годишно момче, откако тој одбил да застане при рутинска сообраќајна контрола и продолжил да вози со автомобил. Момчето било со потекло од северна Африка, што пак во француската јавност повторно го поставува прашањето за длабоко вкоренетата перцепција за полициска бруталност кон лицата кои имаат поинакво етничко потекло во големите француски градови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...