fbpx

Променливо облачно со појава на утринска магла во котлините

-

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со појава на утринска магла и ниска облачност по одделни котлини. Во попладневните часови се очекува намалување на облачноста. Во текот на денот ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец.

Утринската температурата ќе се движи од четири до девет, а дневната 12 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината не очекува слично време со температурата до 15 Целзиусови степени.

Утре се очекува стабилизирање на времето, по одделни котлини со појава на утринска магла и ниска облачност, но во сабота повторно ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а ќе дува и умерен јужен ветер. Повеќе врнежи се очекуваат во почетокот на наредната седмица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...