fbpx

Прилепчани краделе во Охрид

-

Поради постоење основи за сомневање за сторени 12 тешки кражби, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против К.Р. (44) и Д.М. (43), двајцата од Прилеп.

Полициските инспектори, на 21 мај годинава, околу 12 часот, ги затекнале двајцата пријавени при употреба на соодветен алат и обивање на блиндeр-врата во стан на петти кат на улицата Мирче Ацев во Охрид.

При личен, како и претрес во нивното патничко моторно возило, пронајдени се инбус-клучеви, мала метална округла прачка, една мала плосната прачка, една метална пинцета, два скалпели, еден француски клуч и еден шрафцигер.

Претходно, двајцата пријавени пристигнале во Охрид со патничко моторно возило „хонда акорд“, црна боја, со бугарски регистарски таблички. Пријавените биле посебно специјализирани за употреба на алат за обивање на блиндeр-врати, а кривичните дела ги сториле во Охрид од септември минатата до мај оваа година, во период од 7 до 17 часот.

Откако ќе sвонеле и затропале на становите каде ќе забележеле блиндeр-врати и ќе констатирале дека во станот нема никој, тие со вешто користење на алатите, ги разбивале и успевале да влезат во становите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...