fbpx

Пријава против вработен во „Идризово“, овозможил осуденик да избега

Додека бил на смена, вработениот му ја дал службената магнетна картичка за отворање на безбедносна врата на осудениот Д.К кој требало да издржува казна затвор до 2027 година

-

Вработен во затворската полиција во затворот „Идризово“ во Скопје заработил кривична пријава под сомнение дека му овозможил на осуденик од Куманово да избега од установата, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што појаснува полицијата, додека Ј.Ј. бил на смена во саботата, му ја дал службената магнетна картичка за отворање на безбедносна врата на осудениот Д.К, со што го ослободил. Затвореникот бил осуден на издржување казна затвор до 2027 година и имал затворен третман од категорија Б2.

Станува збор за категорија на осуденици со среден или низок степен на ризик против кои не се води друга постапка или на кои не им е изречена друга затворска казна.

„Осуденикот, искористувајќи ја довербата на Ј.Ј., му ја побарал службената магнетна картичка за отворање на безбедносната врата од Отвореното одделение, со образложение дека ќе оди во друг дел од одделението каде претходно бил работно ангажиран. Откако осуденото лице ја отворило безбедносната врата, му ја вратило картичката на сопственикот, а потоа се оддалечило кон „зелената капија“. Нешто подоцна, при извршена проверка на бројната состојба, било констатирано дека осуденото лице недостасува, односно дека побегнало од затворот“, пишува во соопштението на МВР.

Истиот ден, околу 9 часот наутро, во казино на улицата „Благоја Стефковски“, осудениот извршил разбојништво со закана со пиштол, при што од вработениот одзел пари и избегал. Тој за кусо време бил пронајден од страна на полициски службеници и е лишен од слобода, а кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело и еден пиштол „Чешка Зброевка Ц3 85“.

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен денеска до обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднела кривична пријава против вработениот во затворската полиција за сторено кривично дело „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“, предвидено и казниво по член 373 од Кривичниот законик.

Инаку, избеганиот па пронајдениот осуденик претходно бил осуден за кривични дела по член 237 (став 1) и член 396 (став 1) од Кривичниот законик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...