fbpx

Претпријатијата за меѓуградски превоз ги кријат податоците за автобусите и патниците

-

Приватните претпријатија за превоз не се транспарентни кон јавноста. Тие ги кријат податоците за бројот на патници, на автобуси и годината на нивното производство за секоја линија посебно на која сообраќаат.

Како резултат на тоа, не може да се дознае ниту нивото на застареност на автобусите во кои се возат граѓаните, на нивната преоптовареност и инвестициите во овој вид на превоз, пишува „Порталб.мк“. Овие податоци се важни и треба да бидат јавни, посебно поради фактот што во земјава често се случувале сообраќајни несреќи во кои се опфатени автобусите.

Од 37 претпријатија колку што вршат превоз во линии на меѓуградски превоз, само 14 од нив имаат е-мајл адреси објавени и достапни за јавноста. Само две од нив одговорија на прашањето за пристап до информациите од јавен карактер кои „Порталб.мк“ ги испрати на 23 септември оваа година. Тоа се претпријатијата „Балкан Турс” и “Андон Пехчево”.

Во одговорот на нашето барање, две компании го потврдуваат негативниот тренд, бројот на патници од 2016 до 2018 година е преполовен.

Линијата на „Балкан Турс“ од Скопје за Куманово која што во 2016 имаше 500 патници, во 2018 има транспортирано 250 патници. Тренд на опаѓање на патниците е регистриран и на линијата Пехчево – Виница – Скопје која ја одржува „Андон Пехчево“, која во 2016 има транспортирано 7.200 патници, а во 2018 само 5.760 патници. Заедно, овие претпријатија имаат девет автобуси, кои се постари од една декада.

Случајот со несреќата кај Ласкарци и преоптовареноста на автобусите и запалените автобуси, го вклучи алармот дека безбедноста на патниците во меѓуградскиот превоз е кревка.

Иако, во текот на десет години, бројот на патници бележи паѓање, бројот на автобуси во меѓуградскиот и меѓународниот превоз е зголемен. Од другата страна, таму доминираат старите возила, бидејќи на секој нов увезен автобус се увезуваат девет стари автобуси.

За евидентирање на неправилностите, одговорен е Државниот инспекторат за транспорт, кој функционира со околу 15 инспектори за околу илјада автобуси кои вршат меѓуградски и меѓународен превоз на патници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...