fbpx

Претепан до смрт 80-годишен жител на мариовското село Маково

-

Осумдесетгодишен жител на мариовското село Маково денеска бил претепан до смрт, од помладо лице. Мотивите за физичкиот напад засега не се познати, а според неофицијални информации, полицијата веќе го привела осомничениот.

Од битолската клиничка болница потврдуваат дека попладнево на ургентното одделение бил донесен повозрасен маж со тешки телесни повреди на главата и по целото тело. Тој веднаш бил префрлен на одделот за анестезија, реанимација и за интензивно лекување, но по кратко време им подлегнал на повредите.

– Пациентот е донесен со сериозни повреди во животна опасност, направена е интензивна реанимација, ставен е на машина за дишење, но само по половина час, поради типот на повредите починал – вели портпаролката на битолската клиничка болница, Јагода Стојановска.

Од СВР Битола, првично информираат дека денеска околу 14 часот е пријавено дека бил извршен физички напад врз старец, кој по 16 часот починал во болницата во Битола.

Портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова, вели дека полицијата сè уште врши увид на местото на настанот, каде е присутен и јавен обвинител, но детали за случајот засега не се откриваат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...