ВМРО-ДПМНЕ ја прекина соработката со Ванхауте, од денеска за нив тој е само турист

-

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ доцна попладнево соопшти дека донела одлука да престане да соработува со белгискиот посредник во преговорите, Питер Ванхауте.

Одлуката, велат од партијата, ја базираат на неговите навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и кон претставниците на партијата кои учествуваа во преговорите, како и „континуираните омаловажувања кон народот и кон Република Македонија“.

„ВМРO-ДПМНЕ долго време го толерираше неговото несоодветно однесување, делумно и заради фактот што по секоја изречена навреда или омаловажување, Ванхауте се извинуваше како маче. За жал, веднаш по барањето да му биде простено, следеа нови испади и нови навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и кон граѓаните. Поради овие причини, ВМРО-ДПМНЕ веќе нема да учествува на состаноци на кои ќе присуствува и Питер Ванхауте. Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, Питер Ванхауте од денеска е турист во земјава и може да му препорачаме да го посети Музејот на македонската револуционерна борба“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Контраспин: Ако Филипче е криминалец, треба да одговара, сè дотогаш, тврдењето е спин

Филипче не нудел ништо ново на политичката сцена и Филипче бил криминалец, освен што е марионета на Заев и негова продолжена рака. Вака комуницира со јавноста владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ за лидерот...

Апел од МНР: Македонските државјани да ја напуштат Сирија

Поради влошената безбедносна ситуација во Сирија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат...

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање на седницата...

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

Обидите на ТикТок за поништување на законот според кој апликацијата ќе биде забранета или продадена во САД од почетокот на 2025 година се отфрлени, пренесе Би-би-си. Компанијата се надеваше дека федералниот апелационен...

Контраспин: Ако Филипче е криминалец, треба да одговара, сè дотогаш, тврдењето е спин

Филипче не нудел ништо ново на политичката сцена и Филипче бил криминалец, освен што е марионета на Заев и негова продолжена рака. Вака комуницира со јавноста владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ...