fbpx

Прес-конференциите на владата ќе се одржуваат само преку онлајн стрим, без сниматели и новинари

-

Владата информира дека, заради заштита на медиумските работници од денеска прес-конференциите ќе се одржуваат само преку онлајн стрим, без присуство на сниматели и новинари.

„Имајќи ја предвид вонредната состојба во која се наоѓаме поради коронавирус и сите воведени рестрикции, ве известуваме дека од денес, 20 март прес-конференциите на Владата ќе се реализираат исклучиво преку онлајн стрим, без присуство на новинари и сниматели во медија центарот на владата. Целта на овие мерки е сите заеднички да се заштитиме и да обезбедиме услови за работа согласно актуелната ситуација,“ се вели во соопштението во кое се дава и упатство како да се поставуваат прашањата:
Прашањата за прес конференциите во текот на денот може да ги испратите на [email protected] и на мејл адресата на портпаролот/лицето за односи со јавност на ресорното министерство, со нагласување на медиумот од кој доаѓа прашањето и назнака за која прес-конференција односно за кој министер/министерка (претставник на институција) се однесуваат.
Прашањата треба да пристигнат најдоцна 15 минути пред почетокот на закажаната прес-конференција.
Пример:
To: [email protected]so[email protected];
Subject: (од МИА) Прашање за прес конференција на МЗШВ Димковски 11:30
Body: Прашањето на медиумот
Потпис: Име и презиме, медиум

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Четири неуспешни обиди да се избере претседателка на Уставен суд

Ниту една од двете кандидатки за претседателка на Уставен суд, Татјана Бозаџиева Васиќ и Ана Павловска Данева, не успеаа да добијат мнозинство од шест гласови потребни за избор на...