fbpx

Со новите 19 заболени, вкупно 67 лица со корона вирус во Македонија

-

Бројот на ново заболени лица со корона вирусот до 10 часот денеска изнесува 19, а со тоа вкупната бројка на заболени во земјата достигна 67 лица.

Како што соопшти Министерството за здравство, вчера попладне и во текот на ноќта, преку Институтот за јавно здравје, ИЈЗ, биле тестирани на корона вирус 71 лице.

Од нив 2 лица се позитивни на вирусот, едно лице е од Скопје, контакт на веќе потврден и дијагностициран пациент од Скопје, и едно е од Охрид – дојдено од Бреша, Италија, кое било во контакт со потврдени и заболени пациенти од корона вирус во Италија.

„Најголем дел од тестирањата се направени преку ИЈЗ и се во рамките на раниот скрининг, кај лица со поширока индикација. На клиниката „Жан Митрев“ се тестирани и позитивни на вирусот уште 17 пациенти, кои ќе бидат потврдени во текот на денот“, соопштија од Министерството за здравство.

Инаку, според најновите податоци на СЗО, во светот досега се регистрирани 246.494 луѓе заразени со корона вирусот. Од нив починати се 10.049, а оздравеле 88.485 лица. Во изминатите 24 часа надмината е бројката од 10.000 смртни случаи. Вчера во Италија имало 3.405 регистрирани случаи на починати, од кои најголемиот дел во северниот дел на земјата. Бројот на заболени од корона вирусот во Германија надмина 15.000, а има и 44 so смртни последици, што е далеку помалку од Иран каде има над 18.000 заразени и 1.284 починати, како и Шпaнија, која,  исто така, со над 18.000 заразени, има 831 смртен случај.

Оперативниот кризен штаб за борба против корона вирусот во Бугарија утринава информираше за уште пет новозаболени со што вкупната бројка на заразени се зголеми на  112. Во Србија ноќеска се регистрирани нови 15 случаи на заразени, а вкупно во земјата има 113 лица позитивни на корона вирусот.  Во Црна Гора, земјата која до пред три дена немаше ниту еден регистриран случај, од ноќеска има уште три нови случаи или во моментов, вкупно 13.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...