Фото: Влада

Премиерот Зоран Заев ќе се вакцинира денеска во спортската сала „Борис Трајковски“. Како што беше најавено, министрите и премиерот ќе се вакцинираат по пристигнувањето на поголема количина на вакцини во државата. Не е најавено која вакцина ќе ја прими премиерот.

Вчера, министерот за здравство Венко Филипче информираше дека половина од граѓаните кои добиле термин за вакцинација не се појавиле за да се вакцинираат и очекува тој број наредните денови да се зголеми.

Тој упати апел граѓаните да се пријавуваат за вакцини на „vakcinacija.mk“, бидејќи само на тој начин ќе се намали бројот на заразени и починати од ковид-19.