Премиерата на првиот аниме филм инспириран од „Господарот на прстените“ ќе биде во април, 2024 година

Фото: Jorge Arimany, CC BY-SA 3.0, Викимедија комонс

Првото оригинално аниме сценарио базирано на легендарната франшиза „Господар на прстените“, „Војана на Рохирим“ ќе ја има својата премиера на 12 април во 2024 година, официјално соопшти „Варнер Брос“ во чија копродукција ќе биде новиот аниме филм, јавува „Варајети“.

Дејството поставено две столетија пред настаните прикажани во романите „Хобит“ и „Господар на прстените“ на Џ.Р.Р. Толкин, „Војаната на Рохирим“ ќе ги истражи подвизите на деветитот крал на Рохан, Хелм Хамерхенд и креирањето на вториот дел од трилогијата, „Господар на прстените: Двете кули“ во режија на Питер Џексон.

Режисери на филмот се Кнеџи Камијама и Џозеф Чоу кои работаат во аниме студиото на Чоу, „Сола Ентертејмент“ уште од првата најава за снимањето на аниме филмот во јуни минатата година.

Како што може да се види во првата ексклузивна симка, дел од концептуалната уметничка форма на филмот, „Војната на Рохирим“ ја содржи креативната ДНК видена во шесте претходни филмски отварувања на Џексон (сите шест филмови адаптирани на книгите на Толкин). Дел од тимот е и Филипа Бојенс која беше дел од екипата одговорна за сценариото на шесте филма која доби Оскар за најдобро адаптирано сценарио. Филипа е извршен продуцент на филмот. За аниме сценариото одговорни се ќерката на Бојенс, Фиби Џиттинс и Арти Папаџорџиу кои го пишуваат според скриптата на Џефри Адис и Вил Метјус. Во креативниот тим се и Ричард Тејлор кој е добитник на Оскар за својот придонес во франшизата за најдобра оригинална шминка и визуелни ефекти, Алан Ли, награден за уметничка режија и илустраторот на Толкин, Џон Хау.

„Јас сум воодушевена целиот талент на креативната екипа што се собра заедно за да и дари живот на оваа епска приказна, од умештвото на Камијама до вистински ѕвездената екипа“, изјавила Бојенс, пренесува Варајети.

„Трилогијата „Господар на прстените“ му претстави нови кинематографски височини на делото на Толкин и инспирирше цела нова генерација. Шансата повторно да се посети „Средната земја“ со многу од истите визионери кои работеа на претходните филмови заедно со Камијама е вистински подарок. Ова ќе биде епско претставување какво што публиката никогаш оретходно нема видено“ истакнал главниот директор на продукциското студо „Варнер Брос“.

Глумците што ќе ги толкуваат гласовите во новото аниме филмско остварување ќе бидат објавени наскоро.

„Војната на Рихирим“ е сосем различна приказна од телевизиската серија во продукција на „Амазон Прајм Видео“, „Господар на прстените: Прстените на моќта“ која е поставена цел милениум пред настаните прикажани во филмовите на Питер Џексон, а чија премиера е закажана за 2-ри септември годинава.

Филмот е копродукција на „Варнер Брос“ и „Њу лајн синема“.