Актерите се обединуваат во нов филм за Хари Потер 20 години подоцна, ќе го гледаме на 1 јануари

Photo by Taryn Elliott from Pexels

Даниел Ретклиф, Руперт Гринт, Ема Вотсон и многу други филмски ѕвезди од серијалот за Хари Потер по 20 години од премиерното прикажување на првиот филм „Хари Потер и Каменот на мудроста“ се обединуваат заедно во нов филм. На 1 јануари 2022 година премиерно ќе биде прикажан филмот „Harry Potter 20th Anniversary: Return to Hogwarts“, јавува Скај Њуз.

Тој ќе обедини интервјуа и разговори со актерите две децении откако целиот свет полуде по приказната за Хари Потер. Покрај главните ѕвезди, во специјалниот филм ќе се придружат и останатите актери Бонам Картер, Роби Колтрејн, Ралф Фајнс, Гери Олдман, Том Фелтон, Марк Вилијамс и многу други.

Сепак, во овој филм нема да се придружи авторката на Хари Потер – британската писателка Џ. К. Роулинг, одлука што е донесена откако таа минатата година даде контроверзни коментари за транс заедницата.

Авторката има напишано седум книги за авантурите на Хари Потер, а досега се снимени осум филмови.