fbpx

Православните христијани го празнуваат Велигден – честитки упати врвот на државата

-

Православните христијани во поголемиот дел од светот денеска го празнуваат Велигден. Со честитање „Христос воскресе!“ и одговор „Навистина воскресе!“ од полноќната воскресна литургија, тие го одбележуваат своето верување дека Исус Христос воскреснал од гробот на третиот ден и со тоа ги отплатил гревовите на оние што веруваат во Неговата спасоносна жртва.

Христовото воскресение – Велигден е најголемиот христијански празник.

Со овој празник уште од древнина е поврзан обичајот за вапцување црвени јајца, што се даваат со поздравот „Христос воскресе!“.

Велигден е подвижен празник, но секогаш се паѓа во недела, и тоа во првата недела по полна месечина која настапувала по пролетната рамноденица. Така, Велигден најрано може да се падне на 4април, а најдоцна на 8 мај.

Врвот на државата на православните граѓани им ги честиташе Воскресните празнувања.

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и сите православни верници, и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев и припадниците на Евангелско – методистичката црква во државата.

„Најискрено ви посакувам празничните денови да ги поминете, пред сѐ, во добро здравје, неизмерна радост и во среќа, исполнети со духовен мир. Вдахновени од Христовото страдање за човештвото и од неговото воскреснување да им дадеме смисла на нашите животи и да ги победиме искушенијата, отворајќи ги нашите срца и споделувајќи безусловна љубов.

На овој Велигден да помислиме на сите оние коишто страдаат во воените судири, коишто се погодени од елементарни непогоди, коишто се соочуваат со здравствени тешкотии, на сите оние коишто се без топлината на својот дом, на разделените од семејствата, на сите во беда и немаштија. Ним да им ги посветиме нашите молитви и благослови.

Се надевам дека светлината на Велигден ќе ни даде сила и поттик за добра мисла и за добри дела.

Христос воскресна!“, порача шефот на државата, Стево Пендаровски.

Премиерот Димитар Ковачевски во својата честитка потсети на економската криза и на војната во Украина.„Во мое лично име и во името на Владата на Република Северна Македонија, на сите православни верници во нашата земја им го честитам празникот Воскресение Христово – Велигден.
Оваа година најголемиот празник во календарот на православните верници го одбележуваме во време кога целиот свет поминува низ глобална економска криза и низ тешките предизвици како што е војната во Украина со сите последици од неа.

Велигден е празник на спасението. Го означува крајот на Христовите страдања и со кој се слави победата над смртта. Нè потсетува на потребата да се преиспитаме и со скромност како одговорни чинители на нашата заедница да понесеме саможртва за доброто на сите, заштитувајќи се себеси и здравјето на блиските“, порача македонскиот премиер.

Претседателот на парламентот Талат Џафери во своето и во името на пратениците ги честиташе велигденските празници и повика на хуманост.

„Нека и овој празник биде убав повод да се соберат семејствата, да се споделат убавите вести, да се сподели тоа што се има со тие што ве прават среќни и исполнети. Покрај тоа, нека биде прилика да бидете утеха за помалку среќните и послабите од вас. Не секогаш материјалното е одговор и решение за сите тешкотии со кои удира животот. Напротив, убавиот збор, благородното и хумано дело, сочувствувањето со несреќните причинува поголема радост и дава спокој во душата. Бидете и Вие нечие светло на крајот на тунелот, нечиј топол дом и засолниште, нечиј зрак на надеж. Човештвото поминува низ вистински тешки искушенија и во потрага по вечноста и славата, се заборава вредноста на животот и се посегнува по него без при тоа да се размисли дали тој што не го создал животот има право да го одземе него. Сепак, секој од вас поединечно и сите заедно, немојте да бидете слепи и глуви на ова страдање. Дозволете светлината да ги осветли и стопли Вашите домови, да Ве сплоти во молитвите и да донесе мир и хармонија во Вашите мисли“, се вели во честитката од претседателот на парламентот; Талат Џафери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...