fbpx

Пратеникот Николоски ќе учествува на Комисијата на ПССЕ за човекови права

-

Пратеникот Алексадар Николоски, како шеф на делегацијата на Собранието на Македонија во Парламенатрното собрание на Советот на Европа, од утре до 12 декември ќе учествува во работата на Мониторинг-комисијата и Комисијата за правни прашања и човекови права.

На состанокот е предвидено да се расправа за исполнувањето на обврските преземни при членство во организацијата од страна на Црна Гора, настаните во Украина, постмониторинг-дијалогот со Монако, а ќе се разгледува и актуелната состојба во Србија, Грузија, Босна и Херцеговина и во Молдавија.

Николоски ќе ги информира членовите на Мониторинг-комисијата и за актуелната состојба во Република Македонија и за активностите на Собранието и на Владата.

Пратеникот ќе учествува и во работата на Комисијата за правни прашања и човекови права, во чии рамки ќе се одржат и неколку тематски расправи, како ефикасноста на Европската конвенција за човекови права, заканите за владеењето на правото во земјите-членки на Советот на Европа, а предвидено е да има и размена на мислења со членови на граѓанското општество на тема „Предизвиците за човековите права во Европа“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...