fbpx

Повеќе закони на дневен ред на Собранието

-

Собранието на Република Македонија денеска ќе одржи второ продолжение на 62. седница на која на дневен ред е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност.

Пратениците ќе расправаат и по предлог законите за изменување и дополнување на Законот за волонтерство, Законот за исплата на платите во Република Македонија, Законот за заштита од вознемирување на работно место, Законот за европски работнички совет, Законот за пензиското и инвалидското осигурување, Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување, Законот за вработување на инвалидни лица, Законот за инспекцијата на труд, Законот за агенциите за привремени вработувања, Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, Законот за евиденциите од областа на трудот, Законот за адвокатурата, Законот за спречување на корупцијата, по скратена постапка, Законот за вештачење, Законот за медијација, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Законот за странската информативна дејност во Република Македонија, Законот за матичната евиденција, Законот за приватно обезбедување, Законот за прометот со експлозивни материи, Законот за заштита од експлозивни материи, Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови, Законот за странците, Законот за детективската дејност, Законот за гранична контрола, Законот за архивски материјал, сите по скратена постапка.

На дневен ред на ова продолжение е и Предлог на закон за изменување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, по скратена постапка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...