fbpx

Повеќе говори, помалку реплики во Собранието во април

-

Пратениците во април ја намалија меѓусебната интеракција ако се земе предвид дека се зголеми процентот на индивидуални говори, а се намалија процентите на репликите и на контрарепликите, стои во осмиот извештај од надзорот на квалитетот на дебатата во Собранието во периодот од 1 до 30 април 2015 година.

„Најретко досега во последните шест месеци, пратениците ги поврзуваа своите позиции и аргументи со општото добро на сите граѓани. За сметка на тоа, пратениците во април, најчесто беа неутрални, односно не ги поврзуваа своите аргументи со можни добивки или последици за ниту една група во општеството.
Во април, пратениците во Собранието беа нешто поаргументирани во дискусиите на седниците, споредено со претходните три месеци. Го запреа трендот на намалување на аргументираноста на дискусиите со два и повеќе аргументи. Процентот на вакви дискусии во април забележа зголемување и достигна 51 отсто (во февруари – 43 отсто). Притоа, повторно ниту еден пратеник не ја промени својата позиција поради поквалитетни аргументи изнесени во дискусијата од други говорници.
Опозицијата претставена од 10 пратеници во април имаше удел во дискусиите од 16 проценти, што е исто како и во март, но значително помалку споредено со февруари (29 отсто). Нешто поголем интерес за дискусија кај пратениците во април предизвикаа пратеничките прашања, предлогот за изменување и за дополнување на Законот за земјоделско земјиште и предлогот за именување на членови на Државната комисија за спречување корупција. Голем дел од другите точки од дневниот ред поминаа со мала и еднострана или без никаква дискусија“, стои во извештајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...