Поскапуваат бензинот и дизелот

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за еден денар, додека дизелот поскапува за половина денар

-

Од вечерва на полноќ ќе поскапат бензините, дизел горивото и екстра-лесното масло за домаќинство, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за еден денар. Еуросупер БС-95 од ноќеска ќе чини 84 денари за литар, додека 98-октанскиот бензин ќе се продава по цена од 86 денари за литар.

Дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство поскапуваат за половина денар. Литар Еуродизел од вечерва на бензинските станици ќе се продава по цена од 77 денари, додека маслото за горење ќе се продава за 75,5 денари за литар.

Се зголемува и цената на мазутот, кој од вечерва ќе чини 48,634 денари за килограм.

Тридневна жалост за загинатите во поплавите во Босна, се трага по 15 исчезнати лица

По разорните поплави во делови на Босна и Херцеговина, во кои загинаа најмалку 18 лица, општина Јабланица прогласи тридневна жалост, јавува босанската телевизија БХРТ. Со одлука на локалните власти,...