На дваесеттиот Скопски маратон трчаат рекордни 13.400 натпреварувачи

Фото: Мета,мк

На дваесеттиот јубилеен Виз Ер Скопски Маратон, што се одржува денеска, учествуваат рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји. Ќе се трчаат четири трки, маратон на 42.195 километри, полумаратон 21.097 километри, штафетен маратон, како и трката за рекреативци на пет километри. Стартот на сите трки беше во 8 часот пред Собранието, а финишот на Плоштадот Македонија.

„Оваа година имаме рекорден број натпреварувачи со што е надминат бројот од 2019 година кога учествуваа 12.450 и поголем број во споредба со минатата година, 11.400 учесници. Во сите четири трки е зголемен бројот на учесници, а со елитните натпреварувачи од Кенија се надевам дека ќе бидат соборен рекордот на патеките“, вели Кире Синадиновски, спортски директор на маратонот.