Фото: Елион Јашари

На својата 51-та седница, Владата на Северна Македонија вчера одлучи компанијата што управува со зимскиот центар „Попова Шапка“ „ЕЛЕМ Турс“, која во моментов функционира во склоп на „АД ЕСМ“, да биде поделена и да функционира како независна компанија. Исто така, беше решено за „Попова Шапка“ да се спроведе моделот за јавно–приватно партнерство и да се објави оглас за заинтересираните правни лица за ваквата постапка на делумна приватизација, пишува Порталб.мк.

Ова, според Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ е бавен, но безбеден чекор за „ослободување“ на „Попова Шапка“. Од оваа иницијатива потсетуваат дека ова е едно од нивните барања на првиот состанок на комисијата за Попова Шапка, одржан на 23 февруари, и додаваат дека веќе може да се каже дека Попова Шапка се приближува кон приватниот сектор.

„Туристичкиот центар „Попова Шапка“ полека се ослободува. Институцијата која е носител на активностите на работната група (Министерството за економија) само што информираше дека барањето на сите претставници на првиот состанок на работната група, „Елем Турс“ да се оддели од ЕСМ-Македонија е усвоено на денешниот состанок (09.03.2021) и сега следат постапки за завршување на правната постапка“, порачаа од Иницијативата „Да ја ​​спасиме Попова Шапка“.

Хамди Сулемани од Иницијативата „Да ја ​​спасиме Попова Шапка“ истакна дека во моментов треба да се започне од почеток со конкретно планирање на делумна приватизација на овој туристички центар, со цел да се створи што е можно побрзо простор за инвеститорите.

„Потоа, по оваа сложена постапка, веднаш да се започне со конкретно планирање за засновање јавно-приватно партнерство, при што туристичкиот центар „Попова Шапка“ ќе биде понуден на приватниот сектор, разни светски компании да инвестираат во него и да дојде посветла иднина за овој центар“, рече Хамди Сулемани од Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“.

Бектеши: Со оваа одлука ќе се создадат услови за нови инвестиции во Попова Шапка

Министерството за економија беше иницијатор за формирање на Комисијата за Попова Шапка, чиј плод беа последните владини одлуки за овој туристички центар.
Министерот за економија, Крешник Бектеши, ја објави најновата одлука на Владатадека „Елем Турс“ сега ќе функционира како независен субјект и за започнување постапка за делумна приватизација на овој туристички центар.

„Владата денеска донесе одлука АД ЕЛЕМ Турс да се оддели од АД ЕЕМ и ќе функционира како независен субјект. Потоа ќе започне постапката за јавно приватно партнерство (ЈПП) за развој на ски-центарот „Попова Шапка“. Со оваа одлука се создаваат услови за нови инвестиции во развојот на Попова Шапка“, напишаа министерот за економија, Крешник Бектеши на „Фејсбук“.

Инаку, анализата на моменталната состојба во Попова Шапка, деталниот урбанистички план и можноста за отстранување на „Елем Турс“ од функцијата управител на овој туристички центар, сето ова беше разгледано на 23 февруари на првиот состанок на Комисијата за Попова Шапка каде учесници беа претставници на граѓанското општество и неколку министерства.