Порталб: Врсничкото насилство ја намалува самодовербата на учениците и предизвикува ментални проблеми

Image by Ulrike Mai from Pixabay

Бидејќи врсничкото насилство (bullying) е сè позастапено во училиштата, „Порталб.мк“ разговараше со психолозите од две основни училишта кои кажуваат какви последици има тоа врз учениците. Тие истакнаа дека булизмот има негативно влијае врз учениците, при што се намалува нивната самодоверба, доаѓа до појава на ментални проблеми, намалување на оценките, па дури и употреба на наркотични супстанци.

Врсничкото насилство е повторливо, штетно и агресивно однесување помеѓу луѓето, кое се разликува од нивото на сила кое може да биде и физичко и психолошко. Вклучува удирање, тепање, вербално вознемирување, навредливо однесување, исклучување или едноставно притисок жртвата да се прилагоди на она што насилникот го сака или зборува.

Психологот на основното училиште „Дервиш Цара“ вели дека најраспространета последица од врсничкото насилство кај учениците е намалувањето на самодовербата.

„Треба да прифатиме дека феноменот на булизам е важно прашање на кое треба му да се посвети соодветно внимание. Ефектот на булизмот е многу голем проблем бидејќи негативно влијае на начинот на кој децата се перципираат себеси, ја уништува нивната самопочит и самодоверба. Реализирав прашалник во врска со булизмот и резултатите покажаа дека децата кои ги малтретираат своите соученици се момчиња и дека момчињата стануваат жртви на малтретирање повеќе од девојчињата. Најчеста форма е психолошката, давање прекари, потсмев и исклучување од социјалната група. Булизмот има сериозни физички и психолошки последици, најраспространета последица кај младите адолесценти е намалувањето на самодовербата“, истакна за „Порталб.мк“, Шпреса Ќамили, психолог на ОУ „Дервиш Цара“.

Од друга страна, психологот на основното училиште „Сабедин Бајрами“ нагласи дека покрај губењето на самодовербата, врсничкото насилство влијае и на други начини како што се ментални проблеми, намалување на оценките и употреба на наркотични супстанци.

„Во нашето училиште обично немаме случаи на идентификувани примери на булизам како такви. Но, се случува да има нешто слично, но тие не се именувани како случаи на булизам бидејќи немаме последици со физичко или психолошко оштетување што може да бидат резултат на булизам. Булизмот влијае врз децата на следниве начини: Ментални проблеми – децата кои биле жртви на булизам имаат поголем ризик од депресија, анксиозност, несоница, недостаток на самодоверба и мисли за само-повредување што водат дури до самоубиство. Лоши оценки во училиште – можеби се плашат да одат на училиште или да добијат високи оценки. Наоѓаат начини да ги напуштат часовите. Употреба на наркотични супстанци: учениците се изложени на поголем ризик од употреба на алкохол или друга дрога. Насилство – многу деца кои биле жртви покажуваат насилно однесување кон другите“, истакна за „Порталб.мк“, Џемиле Синани, психолог на ОУ „Сабедин Бајрами“.

Резултатите од одговорите на анкетата спроведена од „Порталб.мк“, во врска со врсничкото насилство, покажуваат дека најпогодени од ситуациите на булизам се децата во основно училиште.