Помпео пристигна во Охрид

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, пред околу половина час пристигна во Охрид.

На аеродромот го пречека македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, а потоа државниот секретар на САД замина на средба со претседателот Стево Пендаровски. Подоцна ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев.

Помпео пристигна попладнево од Црна Гора, а вечерва заминува во Грција, на дводневна посета.