fbpx

Полицијата уапсила 150 лица во Фергусон

-

Околу 150 лица се уапсени во неколкудневните протести во Фергусон, во сојузната американска држава Мисисипи, каде претежно мирните демонстрации ја одбележуваат годишнината од убиството на афроамериканскиот тинејџер Мајкл Браун, при интервенција на полицаец белец.

Полицијата соопшти дека во текот на ноќта во Фергусон се уапсени 22 лица, а уште 63 демонстранти се приведени откако се обиделе да блокираат автопат. Во понеделникот беа уапсени 57 лица кои минале низ барикадите околу федералниот суд во Сент Луис.

Невооружениот Браун беше убиен на 9 август минатата година во Фергусон, од бел полицаец. Случајот го поттикна основањето на општонационалното движење „„Животите на црнците значат“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...