Политичарката Александрија О.Кортез играше видео игра со цел да ги охрабри гледачите да гласаат

Познатата политичкарка од Демократската партија во САД, Александрија Окасио-Кортез вчеравечер дебитираше на стриминг платформата Twitch играјќи ја видео играта „Меѓу нас“, при што ги охрабри гледачите да гласаат. Нејзиниот пренос беше гледан од околу 500.000 гледачи од почетокот на нејзиниот стрим.

Окасио-Кортез во понеделникот на Твитер се обрати прашувајќи: „Дали некој сака да игра со мене на Twitch за да излезе на гласање? Никогаш претходно не сум играла, но изгледа забавно.“

На преносот и се придружија Илхан Омар, Покимане, Хасан Аби, ДрЛупо и други.

И покрај тоа што Кортез нема искуство во видео играта се чинеше дека добро се снајде во нејзиниот прв пренос.

Политичарите сè повеќе користат технологија и видео игри за да ја пренесат својата порака. Кампањата на Бајден дебитираше на „Animal Crossing island“ претходната недела. Додека пак, минатата година, сенаторот Берни Сандерс се приклучи на Twitch за да стигне до „потенцијално поддржувачката публика“ до која не може да се допре на поинаков начин.