Погледнете ги најновите трејлери за игри од Gamescom 2021

Фото: midnightsuns.2k.com

1. Marvel Midnight Sons

Најновата игра од Марвел на која работеле и тимот од истите луѓе што ја направиле Civilization. Играта ќе биде тактичка turn-based стратегија. Вашиот лик во играта според приказната ќе биде син или ќерка на Лилит -Кралицата на Демоните и ќе биде легендарен ловец на демони што ќе ги подучува и ќе се бори на страната на суперхероите како  Вулверин, Блејд, Гоуст Рајдер, Доктор Стрејнџ, Ајронмен и многу други суперхерои од Марвел универзумот. Помеѓу борбите и мисиите ќе има повлекување во главна база каде ќе може Ловецот (главниот лик) да се дружи и спријателува со хероите, што повеќе се дружите со било кој од суперхероите тоа посилен ќе биде тој херој или хероина во борба. После големиот успех на Marvel Avengers Alliance -Facebook играта што беше откажана по неколку години која исто така се играше тактички и turn-based долго се чекаше за ваков тип на Марвел игра да излезе повторно, да се надеваме дека оваа игра ќе биде уште подобра од претходните Марвел игри. 

2. Sifu

Во играта Sifu играте како мајстор на боречки вештини кој е на мисија да го освети своето семејство и да дојде до 5те главни луѓе кои  се одговорни за тоа и се водачи на различни нинџа кланови. Има интересна механика во играта -ако умрете во борба ликот ви старее со секое наредно умирање. Комбатот е направен супер и потсеќа на игрите Enter the Matrix и Path of Neo, има секакви техники за напад, одбрана, контра удари и захвати и според трејлерот играта е исполнета со акција и атрактивни удари и техники од боречките вештини. Впрочем и името на играта Si Fu значи Учител, Мајстор на боречки вештини. Се очекува играта да “бара скил” и добри рефлекси што ја прави уште позабавна. 

3. Vampire the Masquerade: Bloodhunt

Vampire the Masquerade Blood Hunt е долгочекувана игра и е една од најпознатите серии на игри за вампири. Првата ваква игра  Vampire the Masquerade Redemption беше одлична, многу добро направена за своето време со богат наратив и долга приказна, особено затоа што имаше дејство и во среден век и во модерно време и повеќе различни краеви на приказната. Додека Vampire The Masquarade Bloodlines вториот дел од серијата беше добра на свој начин. Во првата игра главниот лик Кристов беше во Бружа кланот, додека во втората игра можеше да се бира на почеток во кој клан ќе бидете помеѓу Бружа, Гангрел, Носферату, Вентру, Малкавиан, Тримир и Тореадор. Се претпоставува дека така ќе биде и во најновата игра од серијалот. Тореадор кланот преставен во трејлерот на Blood Hunt е клан на уметници и борци вампири кои обрнуваат особено внимание на својот изглед и стил. Според трејлерот се очекува оваа игра и да ги надмине стандардите за одлична игра во однос на нејзините претходни делови.  

4. Dying Light 2 Stay Human

Dying Light 2 Stay Human е надградена верзија на првата игра што постигна огромен успех, особено поради тоа што го сработи најдоброто паркур скокање и прекачување во тема на “Зомби Апокалипса”. Додека во првиот дел од играта катаната беше премногу моќно оружје што можеше да се употреби во секоја ситоација дури и против поглавни чудовишта во вториот дел од играта дури и комбатот е комбинација од скокање и удирање, исто така има и блокирање со оружја и контраудари, прескокнување на непријател и удирање на друг со нозе и самиот паркур е поакробатски направен и делува многу “пореално” одошто во првиот дел.  Особено е важно дека играта е од полска фирма наречена Techland што постигна и постигнува светски успех.

5. Deathloop

Deathloop е чудна и интересна игра, се работи за пукачка и стелт игра во зависност од кој пристап ќе го примените и дејството се одвива во временски круг кој се повторува како инстанца каде треба да најдете начин да го прекинете циклусот. Циклусот трае “24 часа” во играта но времето во играта има разденување, пладне, вечер што тече побрзои потоа повторно го играте истото ниво ако не успеете. Можете да задржите дел од предметите и оружјата и правите повеќе обиди додека не ви успее да го прекинете циклусот. Се работи за забавна игра со патување низ време што може да го задржи вашето внимание. 

Други презентирани  игри што вреди да се спомнат се Elden Ring за која имало стрим од 17 минути “gameplay” и не било дозволено да се сподели па на Gamescom само го прераскажуваат додека нема снимка од тоа и употребуваат стари видео секвенци, Horizon Forbidden West за која има неколку секунди gameplay другото е зборување од девелоперите и играта Teenage Mutant Ninja Turtles: Shredders Revenge што потсеќа на стара игра од флипери.