Поевтинуваат бензините и дизел горивото

Малопродажната цена на Еуросупер БС 95 изнесува 73,5 за литар, а малопродажната цена на Еуросупер БС 98 изнесува 75,5 денари за литар. Литар дизел гориво чини 67 денари, информира РКЕ

-

Бензините Еуросупер БС 98 и Еуросупер БС 95 се намалуваат за еден, односно за половина денар за литар, а дизел горивото се намалува за денар и половина, соопштија во Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

„Малопродажната цена на Еуросупер БС 95 изнесува 73,5 за литар, а малопродажната цена на Еуросупер БС 98 изнесува 75,5 денари за литар. Литар дизел гориво чини 67 денари“, информира РКЕ.

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 66 денари, а цената на мазутот М-1 НС, се намалува за 0,9 денари за килограм и изнесува 41,3 денари.

Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,75 отсто.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...