Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за два денари за литар, па од полноќ цената ќе изнесува 74,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,5 денари, литар ЕУРОДИЗЕЛ изнесува 69,5 денари, цената на екстра лесното масло за домаќинство изнесува 68,5 денари и килограм мазут чини 44,7 денари.