Директорот на РКЕ, Марко Бислимоски и новиот директор на ЕСМ Ласо Узунчев на денешната средба разговарале за цевководот под мостот „Беласица“ кој изгоре пред 16 месеци
Како што соопшти РКЕ, тие разговарале да се стави повторно во функција овој топловод, за што наводно преземале соодветни чекори тој простор во иднина да биде соодветно обезбеден „за се намали ризикот од повторување на случајот со опожарување на цевките“.
На околу еден месец пред почетокот на новата грејна сезона на 15 октомври, директорите разговарале како да се обезбеди „сигурна, стабилна и непречена испорака на топлинска енергија“.
Според соопштението од РКЕ, Бислимоски посочил оти набавката на природен гас била „клучен елемент во регулаторната одлука за цена на парно“.
Во однос на состојбата со електрична енергија, Узунчев најавил дека ќе ги оптимизира трошоците и ќе се фокусира на поголемо производството на електрична енергија.
Грејната сезона вообичаено започнува на 15 октомври, но не пред 1 октомври ако средната надворешна температура е еднаква или пониска од 12 степени целзиусови.
Една година од пожарот на мостот „Беласица“ – кривична пријава против 37-годишен скопјанец