fbpx

Почна кампањата: Пропагандните спотови се вртат на ТВ, а банерите се појавија на порталите

-

Политичките партии денеска ја почнаа изборната кампања за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември.

На телевизиите од утринава се вртат пропагандни спотови, а на порталите веќе има банери со носителите на пратеничките листи.

ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО за Македонија теренската кампања ќе ја почнат од Охрид, СДСМ од Прилеп, а ДУИ од Липково.

ВМРО за Македонија почетокот на кампањата го закажа за утре, 22 ноември, затоа што денеска во Охрид митинг ќе има ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија најавија интензивна и богата кампања, која ќе опфати повеќе сегменти.

– Ќе одржуваме и митинзи, а ќе имаме и средби со граѓаните. Кампањата ќе ја водиме и низ електронските и низ печатени медиуми, а и преку спотови – ни изјави Иво Котевски, директор на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ велат дека кампањата ќе им биде стандардна – преку ден со средби со граѓаните, а навечер со митинзи.

– Ќе имаме стандардна кампања со многу средби со граѓаните, кои ќе бидат интензивни и ќе сакаме да допреме до сите луѓе – велат од опозициската партија.

ДУИ вчера на конвенција во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ги промовираше кандидатите за пратеници, а официјалната кампања ќе ја почнат утре од Липково.

– Кампањата ќе ја почнеме од 22 ноември, вторник, најверојатно од Липково. Таа ќе биде комбинирана со митинзи и тоа во затворени простори, а ќе имаме и караван кој ќе ги посетува граѓаните во нивните места на живеење – информира Артан Груби од ДУИ.

Коалицијата за промени и правда кампањата ја почнува денеска во хотелот „Континентал“ во Скопје.

Изборната кампања завршува на 9 декември на полноќ.

Вчера политичките партии го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори, во согласност со одредбите на Изборниот законик.

Кодексот го потпишаа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој ја предводи коалицијата За подобра Македонија, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од здружената опозициска коалиција, во име на ДУИ потпиша Изет Меџити, Мендух Тачи од ДПА, Гзим Острени од коалицијата Алијанса за Албанците, Ивон Величковски од ЛП, Стојанче Ангелов од Достоинство во име на Коалицијата ВМРО за Македонија, Павле Трајанов од Демократскиот сојуз за Коалицијата за промени и правда – Трет блок, Билал Касами од Беса, Здравко Савески од Левица и Мухамед Халили од ПДП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...