fbpx

СЕММ: Како никогаш досега, потребно е да се известува етички

-

На почетокот на изборната кампања, Советот на етика во медиумите апелира за целосна професионална одговорност во новинарството, промовирање партиципативен политички процес и за континуиран пристап на јавноста до релевантни и веродостојни информации.

Во апелот на СЕММ стои дека медиумите не треба да дозволат да бидат манипулирани од политичарите и од другите актери во изборниот политички процес, бидејќи тоа значи директна штета врз јавноста и граѓаните на Република Македонија.

Од советот сметаат дека постои потреба од балансирано и коректно известување за на јавноста да ѝ се овозможи да го разбере политичкиот процес и да учествува во него. Етички коректното известување, нагласуваат од советот, е потребно како никогаш досега.

– Очекуваме од медиумите да не поттикнуваат разлики и поделеност меѓу луѓето, туку да бидат посредник и платформа за активен дијалог, а во тоа да се водат од принципите на професионално известување. Во овој контекст, повикуваме на доследно почитување на Повелбата за етичко известување за изборите, која ја потпишаа најголем дел од медиумите во државата уште во февруари годинава, но во практика таа не беше доследно почитувана. Истото се нотираше и во годинешниот Извештај на Европската комисија за напредокот на РМ, во кој, меѓу другото, силно се истакнува потребата од развивање култура на професионална етика во медиумите – стои во апелот на Советот на етика во медиумите.

Советот за етика во апелот потсети на принципите на Повелбата за етичко известување на изборите, како што се вистинитоста и објективноста, избалансираноста, јасната дистинкција меѓу информациите и коментарите, чесноста и независноста, професионалната солидарност меѓу медиумите, уредувачката независност, професионалниот интегритет, почитта и толерантноста, слободата и одговорноста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...