fbpx

Почна аџилакот во Мека

-

Неколку стотина илјади муслимански верници денеска го почнаа аџилакот во Мека, каде секоја година се одржува најголемото муслиманско празнување. Се очекува доаѓање на околу два милиони верници, наведоа саудиските власти, кои на 11 септември со соочија со голема несреќа, кога скеле падна во Големата џамија во Мека, при што загинаа 108 лица, а 400 беа повредени.

Саудиска Арабија мобилизираше околу 100.000 полицајци за да го обезбеди аџилакот, кој годинава се одржува во светло на се поголемото насилство на Блискиот Исток, заканите на џихадистите и епидемијата на блискоисточен респираторен синдром.

Аџилакот е еден од петте столбови на исламот. Секој муслиман, во согласност со верскиот закон, е должен барем еднаш во животот да отиде на аџилак.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...