fbpx

Почина Жељу Желев, првиот што ја призна Македонија

-

Денеска, на 79-годишна возраст, почина првиот демократски избран претседател на Бугарија, д-р Жељу Желев, соопштија од прес-секретаријатот на претседателот на државата, јавува агенцијата БТА.

Желев е роден на 3 март 1935 година, во селото Веселиново кај Шумен. Средно образование завршил во гимназијата во Шумен, а во 1958 година дипломирал филозофија на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“.

Филозоф, дисидент, политичар и државник, д-р Жељу Желев беше иницијатор и еден од основачите на Сојузот на демократските сили (СДС) во декември 1989 година.

По првите повеќепартиски избори во Бугарија, во јуни 1990 година, Желев станува претседател на парламентарната група на СДС, а на 1 август истата година е избран од Народното собрание на Бугарија за претседател на државата. На 19 јануари наредната година, во согласност со новиот Устав на Бугарија, е реизбран за функцијата на првите демократски избори во земјата.

Од 1993 година, Желев е член на Либералната интернационала, а до 1997 година е почесен претседател на партијата Либерално-демократска алтернатива.

Д-р Жељу Желев беше претседател на фондација што го носи неговото име, член, основач и претседател на Балканскиот политички клуб. Тој беше носител и на највисокото државно одликување на Бугарија, орденот „Стара Планина“- прв степен, како и на многу други академски и државни награди.

Жељу Желев беше голем пријател на Македонија. За време на неговиот претседателски мандат, Бугарија прва ја призна Македонија под нејзиното уставно име на 15 јануари 1992 година. Желев е добитник на орденот „8 Септември“, кој му го врачи претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...