Пештанци по примерот на Трпејчани: Си го бараат земјиштето во населбата „Елешец“

-

Тринаесетина семејства од  труристичката населба Пештани кои имаат земјиште на потегот на туристичката и викенд населба „Елешец“ се незадоволни од одлуката на Советот на општина Охрид за донесување урбанистичкиот план Лагадин–Пештани, јави.  Уште пред усвојувањето, тие со писмен допис побараа да се одложи оваа предлог – одлука бидејќи во тек е правната постапка за враќање за денационализираното земјиште на кое лежи автокампот „Елешец“.

Пештанци велат дека станува збор за атрактивно земјиште на брегот од Охридското Езеро со површина од 20 илјади метри квадратни.

– Ова што го направи Советот на општина Охрид е многу брза и некоректна постапка, сметаат пештанци.

Велат дека Ние не бараат ништо повеќе од она што им припаѓа и затоа покренале судска постапка за решавање на нивниот проблем со надеж дека правдата ќе биде задоволена.

Предлог за повлекување на точката од дневниот ред, дал и советникот од ВМРО-Народна партија Јоне Станкоски. И тој смета дека  експресното донесување на оваа одлука ќе биде на штета на граѓаните кои имаат земјиште во „Елешец“.

-Очигледно е дека онаму каде што елитите се заинтересирани за атрактивно земјиште, граѓаните тешко можат да го остварат процесот на денационализација и да си го вратат земјиштето кое им било одземено на сила-  вели Станковски.

Од општина Охрид објаснуваат дека не навлегувале во судските постапки што ги имаат граѓаните.

– Постапката за денационализација не ја засега општина Охрид која го работи деталниот урбанистички план без оглед на кого се однесува. Не навлегуваме во судските постапки кои се водат, а документацијата е согласно сите законски прописи –  објаснуваат од општината.

На пештанци не им е прв пат да се судруваат со властите барајќи си ги своите имотиу. Проблем со денационализација на земјиште имаат и кај атрактивниот камп „Градиште“.Триесетина семејства, со 150-тина наследници, повеќе од една деценија низ судските лавиринти бараа денационализација на земјиштето на нивните дедовци кое се наоѓа каде што е овој камп кој важи за еден од најубавите на охридската ривиера.

Кои се плановите на Трамп во првиот ден по враќањето во Белата куќа

Доналд Трамп вети дека ќе ги „изненади“ сите на првиот ден од неговото враќање на функцијата во Белата Куќа, со низа извршни наредби што се очекува да ги потпише во првите...

Се воскреснува стара теорија на заговор за депопулција базирана на документарец на руски јазик

Изнесените тврдења во објавата, дека пандемијата на ковид-19 била програма на СЗО креирана од Рокфелер за депопулација, а спроведена од Бил Гејтс и Ентони Фаучи, всушност се дел од една стара...

Депонија за стари возила во близина на Полициската станица и на Основниот суд Куманово, надлежните ветија решение

Просторот кој се наоѓа зад Основниот суд Куманово и во близина на Полициската станица е претворен во напуштен простор каде со месеци се паркирани многу стари возила. Граѓаните бараат тој простор...

Израел ослободи повеќе од деведесет Палестински затвореници по договорот за прекин на огнот

Деведесет палестински затвореници беа ослободени утрово како дел од договорот за прекин на огнот. Ослободените од израелските затвори вклучуваа 69 жени и 21 тинејџер од Западниот Брег и Ерусалим, според податоците...

Кои се плановите на Трамп во првиот ден по враќањето во Белата куќа

Доналд Трамп вети дека ќе ги „изненади“ сите на првиот ден од неговото враќање на функцијата во Белата Куќа, со низа извршни наредби што се очекува да ги потпише...