fbpx

План за донација на три нови сензорни соби за Специјалниот завод Демир Капија

На средбата со фондацијата „Лоза” се разговараше за идни проекти кои можат да се реализираат во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

-

Се планираат три нови сензорни соби наменети за потребите на корисниците кои се сместени во Специјалниот завод Демир Капија, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со Сабина Грубенсон, генерален секретар на „Лоза” Фондацијата и Пер Рилов, претседател на управниот одбор на фондацијата „Лоза”. На средбата разговараа за идни проекти кои можат да се реализираат во соработка на Министерството за труд и социјална политика и фондацијата.

Таму беше презентиран планот за донација од фондацијата „Лоза” за три сензорни соби во Специјалниот завод Демир Капија.

„Поддршката на лицата со попреченост се гледа во реализирање на активности кои го унапредуваат нивниот квалитет на живот” изјави министерката Тренчевска.

Таа истакнува дека секој преземен чекор е во насока на подобрување на условите за живот на лицата со попреченост, додавајќи дека деинституционализацијата продолжува да биде приоритет во нејзината работа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...