fbpx

Писмо експлодира во канцеларијата на ММФ во Париз

-

Писмо – бомба денеска експлодира во канцеларијата на Меѓународниот монетарен фонд во Париз, при што едно лице е полесно повредено.

Француските медиуми јавуваат дека не е оштетена зградата на ММФ и дека полицијата веќе е на местото на инцидентот. Засега не се откриваат повеќе детали.

Вонредната состојба во Франција, која беше воведена по серијата напади што во изминатите две години ги изврши Исламска држава, останува на сила. Францускиот претседател Франсоа Оланд ја воведе вонредната состојба по 12-ноемвриските напади во Париз, во 2015 година. По минатогошниот напад во Ница, во кој загинаа 84 лица, францускиот парламент одлучи да ја продолжи вонредната состојба до изборите што треба да се одржат кон крајот на април или на почетокот на мај годинава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...