fbpx

„Пиши им“ – нова онлајн платформа со која граѓаните може да комуницираат со општинските советници

-

Фондацијата Метаморфозис во рамките на проектот за граѓанско учество на УСАИД разви онлајн платформа www.pishi.im, со која граѓаните ќе може да комуницираат и разменуваат информации со избраните општински советници во локалните самоуправи каде што живеат.

„Намената на онлајн платформата www.pishi.im е предвидена како централна точка за информирање, вклучување и вмрежување на граѓаните од одредена општина со избраните општински советници во самата општина. Платформата www.pishi.im ќе овозможи полесна и поефикасна комуникација меѓу граѓаните и избраните општински советници“, велат од Фондацијата Метаморфозис.

Платформата Пиши Им е едноставна за користење и на неа се поставени форми за комуникација преку кои граѓаните ќе може да видат кои се општинските советници во нивната општина, кои се нивните надлежности, и доколку сакаат, ќе можат преку истата форма да ги контактираат.

Посетителите на страницата имаат можност да пребаруваат и преземаат одредени податоци (во .csv, .xlsx, .docx и .pdf формат, во зависност од податоците).

Преку платформата Пиши им секој советник може да биде лично контактиран од страна на граѓаните за разни економски и здравствени прашања, социјални услуги, образование во општината, како и за работата на советот, јавни претпријатија и самиот градоначалник.

Воедно, на онлајн платформата ќе има и рангирање на општинските советници во земјава, и тоа според бројот на испратени пораки од граѓаните до нив, но и според тоа колку од испратените пораки се одговорени од конкретните советници во локалните самоуправи. Покрај статистиката по советници, има рангирање и според статистиката по општини, по политички партии и по тип на прашање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Агелер: Честитки за историскиот избор на прва жена претседателка

Амбасадорката на САД во земјава, Ангела Агелер, преку објава на „Икс“ ѝ честиташе победа на новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова. „Моите срдечни честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот историски избор за...