fbpx
Таг: онлајн платформа

таг: онлајн платформа

„Пиши им“ – нова онлајн платформа со која граѓаните може да комуницираат со општинските советници

Фондацијата Метаморфозис во рамките на проектот за граѓанско учество на УСАИД разви онлајн платформа www.pishi.im, со која граѓаните ќе може да комуницираат и разменуваат информации со избраните општински советници во локалните самоуправи каде што живеат. „Намената на онлајн платформата www.pishi.im е предвидена како централна точка за информирање, вклучување и вмрежување на граѓаните од одредена општина со избраните општински советници во самата општина....

Граѓаните ги активираа инспекторите за животна средина, масовно се пријавува загадување преку онлајн платформата

Над 300 пријави за загадување на животната средина поднеле граѓаните за помалку од пет месеци откако постои онлајн платформата на Државниот инспекторат за животна средина. Ажурноста на граѓаните резултирала со повеќе од двојно зголемување на бројот на вонредни контроли кои ги направиле инспекторите во сите региони во земјата. Казнети биле повеќе компании, издадена е и забрана за работа и...

На платформата kovid19vakcinacija.mk граѓаните можат да се информираат за вакцините што ќе се даваат во земјава

Досега 5.245 граѓани во земјава биле вакцинирани против ковид-19, а 138.457 лица се заинтересирани да бидат имунизирани во наредниот период. Овие податоци, заедно со подетални информации за самите вакцини што ќе бидат достапни за граѓаните, процесот и фазите на вакцинација можат да се прочитаат на новата он-лајн платформа kovid19vakcinacija.mk, информираат од Министерството за здравство. Граѓаните на оваа платформа може да...

Новата веб-платформа „Рана интервенција“ нуди онлајн услуги за децата со попреченост и задоцнување во развојот

Со поддршка од УНИЦЕФ и во соработка со Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори креирана е новата веб платформа Рана интервенција која е достапна на македонски и албански јазик, а е наменета за родители и старатели на деца со задоцнување во развојот и на деца со попреченост на возраст од 0 до 6 години. Од УНИЦЕФ информираат дека платформата служи...

Наставниците направија своја платформа за размена на материјали

На 13 дена пред официјалниот почеток на учебната година, додека се стави во функција платформата за учење на далечина, што ја најави Министерството за образование и наука (МОН), наставниците од Западен Балкан интензивно ја полнат со материјали платформата што сами ја основаа. Станува збор за Балканската наставничка мрежа, која обединува наставници, професори, родители и ученици од Македонија, Србија, Босна и...

Со пренос во живо вечерва ќе се одигра претставата „Иднината е приватна“

Вечерва со почеток во 20 часот во денсинг салата во Младинскиот културен центар (МКЦ) актерите ќе ја одиграат претставата „Иднината е приватна“, а сите заинтересирани ќе може да ја проследат истата во живо на платформата Basita.live. „Актерите ќе играат во присуство на максимум тројца гледачи, физички присутни во истиот простор со нив, додека истовремено ќе се случува и пренос во...

„Побарај совет“ – онлајн платформа за правна помош на жени жртви на семејно насилство

„Побарај совет“ е првата интернет платформа за правна помош за жени кои претрпеле семејно насилство. Платформата ја објави Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Од Здружението посочуваат дека обезбедувањето на навремени правни совети и поддршка согласно специфичните индивидуални проблеми на жените ќе придонесе за нивно правно...

На онлајн квиз за Денот на Европа, 13 студенти утре ќе ги мерат знаењата

По повод 9 Мај, Денот на Европа, утре во 14 часот на интернет платформата „Зум“ ќе се одржи онлајн-студентски квиз,  со 13 студенти од универзитетите низ државата, информираат од Европското движење во Република Македонија. Студентите ќе одговараат на 30-те прашања за Европската Унија, за државите-членки на ЕУ и за процесот на пристапување на нашата држава кон ЕУ. Онлајн квизот ќе...

Достапна онлајн платформа за учење и развој на децата со попреченост

Од вчера, 27 април, достапна за работа е онлајн платформата за поддршка при учењето и развојот на децата со попреченост, која е изработена во соработка со Министерството за труд и социјална политика и партнерство со организацијата која промовира асистивна технологија „Отворете ги прозорците“. “Преку платформата децата со попреченост добиваат помош за полесно да следат настава, да го организираат слободното време...

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...