Пет луѓе заглавени во куќа во пожарите во светиниколско село

Поради големиот број пожари во државата, денес е активиран и ЕУ механизмот за заштита и спасување и побарана е помош од воздухоплови

-

Пет лица поради пожарите се блокирани во куќа во Стројменци, во близина на Свети Николе и се прават обиди за нивно извлекување, информираше директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, кој додаде дека во моментов се активни 30 пожари на отворено.

„Правиме обиди да ги извлечеме луѓето, но поради огнот во селото тоа е многу тешко. Пуштен е полициски хеликоптер кој треба да фрли вода околу куќата, која сè уште не е во пламен“, рече Ангелов.

Денес е активиран и ЕУ механизмот за заштита и спасување и побарана е помош од воздухоплови.

„Топлото време и ветрот прават уште поголеми проблеми при справување со пожарите“, вели Ангелов.

Големи пожари има и во Дојран, но најголемата пожарна линија, според ЦУК, се движи од општина Свети Николе во насока на општина Куманово и моментално таму се делува со трите ер-трактори. Пожари има и во Старо Негоричане, Куманово, Пробиштип, Кочани.

„Апелирам сите лица кои ќе се затекнат во села каде што има пожар, веднаш да се евакуираат. Сопствениците на куќи и на викендици треба да изработат т.н. противпожарен појас или мек појас околу објектите за во ако надојде огнот, да не може да го помине појасот кој треба да е доволно широк“, апелира Ангелов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...