Пендаровски на средба со американскиот заменик помошник државен секретар, Габриел Ескобар

Пендаровски истакна дека одржувањето на преговорите во Охрид е признание за нашата земја, која во изминатите години направи повеќе компромиси за одржување на долготрајната стабилност, европската и евроатлантска интеграција, демонстрирајќи дека може да функционира како вистинска мултиетничка демократија

-

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Охрид оствари средба со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави. Соговорниците се согласија дека билатералните односи се одвиваат со одлична динамика како потврда за долготрајното македонско-американско партнерство и пријателство.

Во однос на аспирациите за членство во Европската Унија, претседателот Пендаровски информираше за одвивањето на скрининг процесот и следните чекори кои треба да бидат преземени за напредок во евроинтегративниот процес.

На средбата се разговараше и за актуелните состојби во регионот, во светло на состанокот на високо ниво од дијалогот помеѓу Белград и Приштина на кој учествуваат претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и премиерот на Република Косово Албин Курти, а кој се одржува во Охрид под покровителство на Европската Унија.

Во таа насока претседателот Пендаровски истакна дека одржувањето на преговорите во Охрид е признание за нашата земја, која во изминатите години направи повеќе компромиси за одржување на долготрајната стабилност, европската и евроатлантска интеграција, демонстрирајќи дека може да функционира како вистинска мултиетничка демократија. Тој додаде дека прашањето на дијалогот Белград-Приштина е исклучително важно регионално прашање чиешто решавање може да помогне за трајна стабилизација на регионот и негова побрза европска и евроатлантска интеграција.

Брза железница во Македонија – сериозен план или предизборен воз без возен ред?

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави „инфраструктурен бум“ во железницата. Реконструкција на целата пруга долж Коридорот 10 (Табановце–Гевгелија) и модернизација за патничките возови кои ќе тераат со просечна брзина од 160 километри...

Една третина од децата во Македонија живеат под националниот праг на сиромаштија

Според најновите достапни податоци, децата во Северна Македонија се изложени на значително повисок ризик од сиромаштија од возрасните, при што 32 отсто живеат под националниот праг на сиромаштија, а 40 отсто...

Се проширија монтирани фотографии од визи на Заев и Филипче

Двете фотографии од визите се изменети со помош на алатки за графички дизајн и не се од визи на Заев и Филипче. И двајцата за Вистиномер потврдија дека документите кои се...

Изложба на Сашо Блажес насловена „Нурни во мене“ денес во Музеј на Град Скопје

Вечерва со почеток во 20:00 часот ќе се одржи изложбата на ликовниот уметник Сашо Блажес насловена „Нурни во мене“ или како што тој вели поточно „Далдисај во мене“. Неговите две претходни...

Брза железница во Македонија – сериозен план или предизборен воз без возен ред?

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави „инфраструктурен бум“ во железницата. Реконструкција на целата пруга долж Коридорот 10 (Табановце–Гевгелија) и модернизација за патничките возови кои ќе тераат со просечна брзина од...