fbpx

Пендаровски и Радев разговараа за перспективите за напредок во европската интеграција на Северна Македонија

-

Претседателот Стево Пендаровски и неговиот бугарски колега Румен Радев денеска телефонски разговараа за позициите на двете држави во однос на условите за започнување преговори на нашата држава за членство во Европската Унија.

– Двајцата претседатели разговараа за можноста да се постигне одржливо решение за европскиот развој на нашиот регион и, особено, за интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија, стои во соопштението од Кабинетот на Пендаровски.

Шефовите на државите, како што се наведува во соопштението, разговарале и за можноста за остварување на посета на претседателот Пендаровски на Бугарија, кога ќе се создадат соодветни услови.

Во однос на прашањето со Бугарија, владиниот портпарол Душко Арсовски на денешната прес-конференција информираше дека во текот на денот, премиерот Зоран Заев ќе има телефонски разговор со канцеларката Меркел.

„Благодарни сме што претседавачот со Европската Унија засилено се залага за исполнување на заедничката цел, одржување на Првата меѓувладина конференција како почеток на преговорите на Северна Македонија. Ова е значаен сигнал за целиот регион и за кредибилитетот на ЕУ, што е во интерес на сите. Паралелно се одвиваат и контактите меѓу Министерствата за надворешни работни на Бугарија и Северна Македонија. Ова секако води кон поголемо разбирање, кон зајакнување на довербата и кон приближување на позициите“, рече портпаролот Арсовски одговарајќи на новинарско прашање, притоа оценувајќи дека Договорот од 2017 година е добра рамка за разговорите да продолжат во насока на изнаоѓање на решенија со Бугарија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...