fbpx

Пендаровски: Дезинформациите од држави и ентитети кои не ни мислат добро, систематски ги манипулираат граѓаните

-

Пендаровски во своето годишно обраќање во Собранието се задржа на два најеклатантни примери во однос на ширењето дезинформации во С. Македонија – вакцинацијата против ковид-19 и воената агресија на Русија врз Украина, пишува „Вистиномер“.

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, во своето годишно обраќање пред Собранието, голем дел од својот говор посвети на дезинформациите и штетните последици што тие ги предизвикуваат врз државата и врз граѓаните. Тој рече дека по влезот на државата во НАТО „станавме цел на интензивни и организирани пропагандни кампањи за дезинформирање на јавноста во однос на виталните прашања и дилеми“.

„Дезинформациите од држави и ентитети кои не ни мислат добро, систематски ги манипулираат граѓаните со пласирање на погрешни информации, полувистини или комплетно фабрикувани вести за да им послужат на интересите на центри на моќ чии интереси се спротивни на нашите национални интереси“, истакна Пендаровски во својот говор.

Тој во говорот се задржа на два најеклатантни примери во однос на ширењето дезинформации во С. Македонија – вакцинацијата против ковид-19 и воената агресија на Русија во Украина.

„Само два примери во таа смисла се доволно индикативни: наспроти долгата и солидна традиција од поранешна Југославија, во областа на имунизацијата против Ковид-19 не стигнавме ниту до 50% од населението, за што, според некои анализи, делумно одговорни се дезинформациите за достапните вакцини. Сето тоа, за жал, во крајна линија нѐ чинеше здравје и животи. Или дезинформациите во однос на војната во Украина што натераа многу наши сограѓани да ја оправдуваат агресијата, заборавајќи го нашето сопствено историско искуство, кога ние, самите, не еднаш, сме страдале од поголемите соседи“, рече тој.

Според Пендаровски, антизападната реторика во традиционалните и во социјалните медиуми добива на интензитет и преку неа, популистите ги манипулираат луѓето дека имаат брзи и едноставни решенија и за најсложените проблеми кои, наводно, демократските системи не можат да ги имплементираат „затоа што наводно се бавни, скапи и корумпирани“.

„Зајакнувањето на отпорноста кон дезинформациите е комплексна задача, затоа што е потребна и системска, но и лична отпорност кон нив, а тоа не е можно беа блиска соработка меѓу државните институции, образованието, граѓанските организации и медиумите“, смета Пендаровски.

Оттаму, според Пендаровски, круцијално е уште во основното и средно образование да се развива медиумската писменост кај младите луѓе кои ќе научат да ги препознаваат лагите и да формираат мислење врз основа на факти.

„Така најлесно ќе ја препознаваат и демагогијата на автократите дека за решавање и на наaјтешките проблеми треба само дисциплина и цврста рака. Во скорешната историја и во  регионот и во Европа имаме доволно трагични примери на народи кои и ден денес се справуваат со последиците од деструкцијата која им ја донесоа годините на национален занес и безусловна верба во таквите лидери“, смета претседателот Пендаровски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...