Во „Шорткат“ денеска ги пренесуваме барањата на младите за зелени општини

Барањата на младите за зелени општини се главна тема во денешната епизода на „Шорткат“. На оваа тема разговаравме со две млади лица од скопските општини Чаир и Аеродром, како и со одговорните лица од здружението „Гоу Грин“. За барањата кои младите од четири општини ги имаат кон градоначалниците за новата 2023 година ќе информираме вечерва.

Во емисијата информираме за одлуката на Министерството за образование и наука да го изедначи износот на стипендиите кои ги земаат учениците и студентите во земјава, а во „Шорткат“ ќе може да дознаете повеќе и за реакциите на екологистите по одлуката на Вишиот управен суд да ја поништи пресудата на Управниот суд за конечно одземање на концесијата на „Еуромакс Ресурсис“ за експлоатација на рудникот „Иловица-Штука“.

Во „Шорткат“ ќе може да дознаете повеќе за најновиот повик на Фондацијата „Метаморфозис“ за пријавување на млади новинари во Програмата за медиумска обука, која им овозможува на младите да посетат работилница за визуелизации на податоци, а најуспешните да стекнат практикантско искуство во еден од трите медиуми во „Метаморфозис“ и да остварат студиска посета на САД.

За гејмерите, во „Шорткат“ информираме и за најновата видео игра „Хогвортс Легаси“, во која тематика се авантурите на Хари Потер.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва со почеток од 19 часот на нашите социјални мрежи.