fbpx

Пендаровски: 31 година не сме имале подолг период на мирен развој на државата

-

Еден поглед врз целиот период од нашата независност до денеска, ќе покаже дека во овие 31 година не сме имале подолг период на мирен рзвој на државата. Ембаргата, транзицијата, конфликтот од 2001 година, светската финансиска криза во 2009 година, внатрешната криза со упадот во Собранието и пандемијата и војната во Украина, го лимитираа нашиот развој, истакна во своето обраќање во Собранието претседателот Стево Пендаорвски. Тој кажа дека за неповолните внатрешни состојби, најголемиот дел од одговорноста паѓа на домашните политичари и политичките партии.

„Кога довербата на граѓаните е на ниско ниво, демократијата е во сериозна опасност. Корупцијата и политичкиот клиентелизам во државата ја еродираат довербата на граѓаните во институциите“, рече тој од собраниската говорница.

Во судирот, како што рече, меѓу криминалците и огромниот број граѓани со образ, има две цели – прво, како држава да покажеме конкретни резултати, не само апсења за јавност туку изречени долгогодишни затворски казни и враќање на украденото, и второ, да се почитува презумпцијата на невиност, што значи луѓето да не ги судиме во јавноста пред да ги осуди надлежниот суд.

„Неверојатниот медиумски интерес со кој беше проследена посетата на т.н. тим за санкции од САД е најдобрата потврда за недовербата која нашите граѓани ја имаат во домашните органи штом единствената надеж за правда ја гледаат во странските и меѓународни институции. Реалноста е дека никој однадвор нема да ја искорени корупцијата во Република Северна Македонија, ако тоа не го направат нашите институции и избраните политички претставници на граѓаните“, истакна претседателот.

Тој нагласи дека сите напори ќе паднат во вода ако надлежните правосудни органи се спогодуваат со ликови за кои целата јавност знае дека со пари од народот ги имаат обезбедено и своите сѐ уште неродени деца и внуци.

„Теза која многумина од нас ја повторуваат со години е дека нема правда ако нема актуелни политичари во затвор за корупција, но, правда нема да има и сѐ додека се на слобода судиите и обвинителите кои носат скандалозни одлуки зад кои веројатно стојат коруптивни мотиви“, рече Пендаровски.

Најголемата опасност според него, по нашата национална безбедност, е демографијата, за што се доказ резултатите од последниот попис на населението.

„Изминативе три и пол години најголемиот дел од времето го поминав во разговори со младите зборувајќи за нивните потреби и проблеми – младинскиот стандард, образованието. Бев покровител на десетина иницијативи и проекти со домашни и странски граѓански организации за поголемо младинско учество при носењето на одлуки, за операционализирање на Законот за млади, новиот предлог-закон за средно образование. И следната година истата агенда ќе остане на врвот на моите приоритети. Но, системот треба да функционира затоа што индивидуалните иницијативи не се доволни“, додаде претседателот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...