fbpx

ЕУЛЕКС го зголемува присуството на северот на Косово, на барикадите забележани руски воени симболи

-

Мисијата на ЕУЛЕКС во Косово соопшти дека ја следи ситуацијата на северот во земјата и дека го зголемиле присуството на терен поради безбедносната ситуација таму.

„Внимателно ја следиме безбедносната ситуација во северниот дел на Косово преку нашето засилено присуство на теренот. Полските припадници на нашата специјализирана полициска единица и италијанските и литванските припадници на нашата резервна специјализирана полициска единица од европските жандармериски сили спроведуваат надзорни патроли, вклучително и пешачки патроли во Северна Митровица и Звечан“, се вели во денешното соопштение за медиумите кое го пренесе приштинска Коха.

ЕУЛЕКС соопшти дека постапува според ситуацијата на терен и врз основа на тоа одлучува за бројот на полицајците таму.

„Со оглед на нестабилната безбедносна ситуација во северниот дел на Косово и распоредувањето дополнителни барикади, ЕУЛЕКС редовно го прилагодува своето присуство за да ја одрази ситуацијата на теренот, како и во соработка со косовската полиција и КФОР“, соопшти ЕУЛЕКС.

Барикадите поставени на северот од Косово стојат веќе 13 дена и им го отежнуваат животот на граѓаните во тој дел, а блокирани се патиштата кон границата Јариње и Брњак. Покрај нападите со шок бомби против косовската полиција и припадниците на ЕУЛЕКС, на северот на Косово почнаа да се појавуваат руските симболи „З“, кои Русите ги користат во војната во Украина.

Припадниците на косовската полиција продолжуваат со патролите во областите со мешано население на северот на Митровица, обезбедувајќи ред и безбедност за сите граѓани.

Таканаречениот кризен штаб на северот од земјата, формиран од локални Срби, за денес најави протест што ќе се одржи во Рударе, општина Звечан.

Претставниците на кризниот штаб најавија дека организацијата на овој протест е поврзана со неодамнешните изјави за отстранување на барикадите на премиерот на Косово, Албин Курти.

Исто така, неодамна, Курти ијави дека според неколку извештаи на западните разузнавачки служби се чини дека Русија ги разгорува тензиите меѓу Косово и Србија.

„Руската паравоена група наречена Вагнер пристигна во Србија“, рече Курти за германскиот весник „Дер Шпигел“.

А, Џелал Свечла, министерот за внатрешни работи на Приштина за весникот „Ла Република“ рече дека има докази дека Руси биле присутни за време на протестите организирани од косовските Срби.

Албанскиот медиум Топ чанел, пред шест дена ја пренесе објавата на лидерот на руската екстремистичка група „Ноќни волци“ во која тој потврди дека некои членови на оваа организација се наоѓаат на барикадите на северот на Косово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создадени само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...